Jump to content
Wikimedia Meta-Wiki

Техника/Менување на опслужувач

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
< Tech
This page is a translated version of the page Tech/Server switch and the translation is 100% complete.
Other languages:

Менување на опслужувач — Наскоро вашето вики ќе може само да се чита

Прочитајте ја поракава на друг јазикPlease help translate to your language

Фондацијата Викимедија ќе го префрли прометот од еден на друг податочен центар. Ова ќе осигура непречена работа на Википедија и другите Викимедиини викија, дури и ако се случи катастрофа.

Целиот промет ќе биде префрлен на 25 март 2026. Префрлањето ќе почне во 15:00 UTC .

За жал, поради некои ограничувања во МедијаВики, сето уредување мора да престане додека се врши префрлањето. Се извинуваме за овој прекин и се трудиме да го намалиме во иднина.

На сите викија ќе биде прикажан разглас 30 минути пред ова да се случи. Овој разглас ќе остане видлив сè додека не заврши постапката. Можете да учествувате во преводот и коректурата на текстот на овој разглас.

За кратко ќе можете да читате, но не и да уредувате. Ова ќе важи за сите викија.

  • На 25 март 2026 нема да можете да уредувате највеќе до еден час.
  • Ако пробате да уредувате или зачувате во текот на ова време, ќе ви се појави порака за грешка. Се надеваме дека во периодот на тие минути нема да има изгубени уредувања, но тоа не можеме да го гарантираме. Ако видите порака за грешка, почекајте додека нештата не се вратат во нормала. Тогаш ќе можете да го зачувате вашето уредување. Но, за секој случај, ви препорачуваме најпрвин да направите копија на промените што сте ги направиле.

Други ефекти:

  • Позадинските работи ќе бидат побавни, а некои може да бидат напуштени. Црвените врски може побавно да се подновуваат. Ако создадете статија до која веќе води некоја врска, врската ќе стои црвена подолго од вообичаено. Некои долгоработечки скрипти ќе мора да се запрат.
  • Спроведувањето на нов код се очекува да се одвива како во секоја друга недела. Меѓутоа, на места може да се случат некои замрзнувања на кодот ако тие потоа бидат потребни за дадената операција.
  • GitLab ќе биде недостапен 90 минути.

Овој проект може да се осложи, ако е неопходно. Можете да го погледате распоредот на wikitech.wikimedia.org. Сите промени ќе бидат соопштени во распоредот.

Споделете ги овие информации со вашата заедница.


AltStyle によって変換されたページ (->オリジナル) /