Skip to content
Search

Создаваме иднина со знаење

Во текот на своето 19-годишно постоење Универзитетот „Гоце Делчев" се профилира како високообразовна институција која во својот фокус ги има студентите, нивните потреби и идеи. Вниманието е целосно насочено кон креирање на знаење и можности преку обезбедување на квалитетно образование, иновирање, дигитализација и развој на интелектуален потенцијал за домашните и глобалните предизвици.

ФАКУЛТЕТИ И АКАДЕМИИ

Универзитетот „Гоце Делчев" претставува реномирана институција во областа на високото образование која, преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.

Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус на универзитетски и професионални студии. Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може да се запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во самиот конкурс.

Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.

Важни документи и упатства

НАСТАВА

Универзитетот „Гоце Делчев" применува современи методи на настава, при што акцентот се става како на теоретското образование на студентите, така и на практичната настава и стекнувањето соодветни вештини. За таа цел се гради непосредна соработка со приватниот сектор, кој континуирано придонесува во развојот на студентите преку учества во предавањата, заеднички проекти, конференции, како и организирани студиски посети или практична работа во компаниите.

Преку партнерства и соработка и со универзитети од различни земји во делот на меѓународните програми и проекти за обука на студентите им се дава можност за стекнување меѓународни искуства за учење.

Значајно е тоа што УГД е првиот универзитет во РС Македонија со висока употреба на дигитални алатки и технологии, каде што активно се применува и учењето на далечина. Универзитетската заедница преку тие алатки го искористува потенцијалот на технологијата за подобрување на наставата и учењето, а на студентите им е овозможено да учат секаде и во секое време, од најдобрите во нивните области.

НАУКА

Универзитетот „Гоце Делчев" од самото свое основање интензивно вложува во создавање на модерни и комплетни услови за научно-истражувачка работа што ќе ги задоволи потребите и на академската заедница, но и на бизнис заедницата, која има потреба од модерни ресурси, технологии и иновативни решенија.

За таа цел, УГД располага со модерно опремени лаборатории и центри како составен дел на инфраструктурата, која ја прави возможна научно-истражувачката активност, а академското знаење и образование се спроведува преку достапните програми за трет циклус на докторски студии во различни области.

НАШИТЕ СТУДЕНТИ

Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален, важна е храброста и желбата да се продолжи....
„Настрана од редовните предавања, искористете ги сите можни проекти, предавања, дебати понудени од страна на вашиот факултет. Никогаш не престанувајте...
Можностите постојат насекаде околу нас, само треба да ги користиме....
Дозволи да учиш од најдобриот поради тоа што за квалитетот одлучуваме сами. УГД е показател на квалитет и знаење....
Имајте храброст да продолжите да чекорите по Вашиот избран пат – никој друг нема да оди по него – само...
Студирав на универзитет кој беше нов, полн со желба за напредок и созревање, со цел еден ден да биде најдобриот...

Запознајте го УГД преку бројки

Квалитетот и разновидноста на нашите наставни програми, нашите постигнувања и можностите кои ги нудиме во високото образование, науката и соработката, потврдени се и преку бројките постигнати во текот на дводецениското постоење.
ФАКУЛТЕТИ
0
АКАДЕМИИ
0
ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА
0
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
0
КАДАР
0
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ
0
АКТИВНИ СТУДЕНТИ
0
СТУДЕНТИ
0 +

Избери мудро, делувај храбро

Студирај на УГД

Воспоставена соработка

Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје
НУ Универзитетска Библиотека Гоце Делчев - Штип
Универзитет Климент Охридски - Битола
Институт за македонски јазик - Крсте Петков Мисирков
Адвокатска комора на РС Македонија
Народна банка на Македонија
Македонско лекарско друштво
Министерство за шумарство и водостопанство
МЕПСО
Стопанска комора на Македонија
NPWE
Институт за современи композити и роботика
Сојуз на композитори на Македонија
Институт за филм - Филмска академија Охрид
Алкалоид
observatory1
elfa1
ryco1
iep1
eua1
ace1
uniadrion1
rectorsforum11

AltStyle によって変換されたページ (->オリジナル) /